Сѐ зависи од Вардар

29

Со градската пресметка помеѓу екипите на Вардар и Македонија ЃП стартува пролетниот дел од македонската Прва фудбалска лига. Лидерот на првенствената табела ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен, но изминатиот период беше повеќе од стресен за избраниците на Александар Васоски кои освен на противникот, мора да мислат и на својата иднина во клубот. Во изминатите две недели Вардар беше во центарот на спортското внимание поради финансиските проблеми кои ги има сопственикот на клубот, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој вети дека сигурно ќе остане до крајот на сезоната. Вардар има предност од осум бод пред актуелниот шампион, тимот на Шкендија, кој во првото пролетно коло за противник ќе го има третопласираниот тим на табелата, екипата на Академија Пандев.

Двојки за 19. коло: Вардар – Македонија ЃП (15.02), Академија П. – Шкендија, Струга ТЛ. – Работнички, Ренова – Силекс, Шкупи – Борец. Табела: Вардар 36, Шкендија 28, Академија П. 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26, Струга ТЛ 24, Шкупи 22, Борец 20, Ренова 19, Работнички 15 бода.

ФОТО: П.Стојановски