Суспендиран е полски новинар кој ја нарече песната на Џон Ленон „визија на комунизмот“ во преносот на отворањето на ОИ 2024

220

Полскиот јавен сервис во саботата објави дека суспендирал новинар и спортски коментатор кој реагирал на изведбата на легендарната песна на Џон Ленон „Imagine“ на отворањето на Олимписките игри со тврдење дека тоа е еден вид „визија на комунизмот“.

ТВП, полскиот јавен сервис, во саботата објави дека Пжемислав Бабиарц е суспендиран и нема да му биде дозволено да коментира во живо за спортските настани од Летните олимписки игри во Париз.

Во гореспоменатата песна Ленон пее за имагинарен свет без рај и пекол, без држави, религија и приватна сопственост.

„Замислете дека сите луѓе живеат за денес, замислете дека сите живеат во мир, можеби ќе речете дека сум сонувач, но не сум осамен…“ пееше еден од легендарните Битлси уште во 1972 година, но тоа не импресионира новинарскиот „сезнајко“.

„За жал, ова е визијата на комунизмот“, самоуверено рече Бабиарк за време на церемонијата на отворање на Олимпијадата, што предизвика контроверзни коментари во Полска.

Објаснувајќи ја суспензијата, ТВП во соопштението наведе: „Заемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основните идеи на Олимпијадата, туку и основата на стандардите што ја водат новата полска телевизија“. Нема причина да ги прекршуваме“.

Агенцијата АП, објаснувајќи ја позадината на овој навидум банален конфликт на мислења, објави дека државните медиуми во Полска со години биле идеолошко бојно поле во земјата и дека биле користени како мегафон од десничарските популисти, кои владееле со Полска од 2015 година до 2023 година.

Новоизбраниот премиер Доналд Туск, чија широка коалиција ја презеде власта во декември, брзо се придвижи за да ја отстрани нивната контрола врз емитувањето, што конзервативците и нивните сојузници сè уште не го надминале.

Конзервативниот претседател Анджеј Дуда и поранешниот премиер Матеуш Моравјецки беа меѓу првите кои реагираа да го „заштитат“ суспендираниот новинар.

„Вистината ќе се брани! Вашите постапки ќе останат запаметени и цензурата ќе пропадне“, напиша Моравјецки на мрежата Х.

Сепак, некои коментатори блиски до политичката левица во Полска изјавија дека казната е престрога, пренесе АП.