Сусо е најблиску до Мадрид

137

Шпанскиот гигант Атлетико (М) важи за најголем фаворит кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Сусо.

Офанзивниот играч за врска има договор со „росонерите“ до 2021 година, но во неговиот договор има и ослободителна клаузула која се активира со официјална понуда не помала од 40 мил. евра.

Италијанските медиуми се убедени дека челниците на Милан ќе седнат на преговарачката маса и дека ќе ја договорат продажбата на Сусо.