Констатирано е дека младичот почнал да јаде повеќе при прегледот за регрутација, а при завршниот преглед е утврдено дека е гојазен.
Младичот е осуден на условна казна од една година, а неговиот пријател кој му смислил посебен режим на исхрана за да го удвои секојдневното консумирање храна е осуден на условна казна од шест месеци.
Според „Кореан херлад“, за осудениот при првиот преглед е утврдено дека е способен за служење војска. Меѓутоа, на завршниот, минатогодишен преглед е утврдено дека имал повеќе од 102 килограми.
Негов пријтел негира дека му помогнал, твредејќи дека никогаш не верувал дека младичот би се согласил на такво нешто, пренесува Би-Би-Си.
Сите воено способни мажи во Јужна Кореја, постари од 18 години, мора да служат војка најмалку 18 месеци.