Судии на претходна постапка при кривичниот суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈОГОКК за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои беа спроведени во судот, а поврзани со акцијата од обвинителството наречена како „Адитив“, донесоа решенија со кои:
В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. судот го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото. За осомничениот М.С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор. За осомничените: Д.С., С.М., П.Ч., Д.С., А.М., З.Н., З.А., С.М., М.В., Д.Ч., В.М., Н.Н. и С.К., судот го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за одржување и воспоставување контакти, како и Забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело
Што се однесува до осомничениот В.К. кој, до овој момент не е лишен од слобода ниту е спроведен или се јавил во судот, до Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот Јавен обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост согласно член 146 односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот и Забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои судот дополнително ќе одлучува откако истиот ќе биде обезбеден од органите на прогон.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Судот одреди 8 затворски притвори во акцијата Адитив
Кога ќе се врати во Македонија, Васко Ковачевски треба да го остави пасошот во судот