Судовите “одбегнуваат”да стават алки на затвореници

166

 

Од 2016 година во Македонија има нов Закон за пробација и пред четири години се набавени 400 алки за затвореници, но праксата досега покажува дека судовите ги “одбегнуваат” пробациските мерки, а пробациската служба нема ресурси.

Иако во 2016 година во Македонија, има нов Закон за пробација, со кој се предвидува отворање пробациски канцеларии во 11 града со 90 пробациски службеници , сепак според податоците на Советот на Европа, државава е на трето место по пренатрупаност на затворите со 123 затвореници на 100 слободни места,

Моментално функционира само Канцеларијата за пробациски работи во Скопје, каде што има само тројца вработени.
Досега Законот за пробација е искористен само во шест случаи, од кои пет во 2017 година и само еден во 2018 година. Сите за условен отпуст и ниту еден за општокорисна работа или куќен затвор.

Кога е донесен законот направена е стратегија за формирање пробациска служба во која би требало да има 90 вработени лица како пробациски службеници, со административен кадар, записничари и дактилографи

Законот за пробација стапи на сила на 1 ноември 2016 година, а алките за електронското следење се набавени уште во 2014 година во рамки на твининг проектот за имплементација на Законот за пробација, кој започна во 2010 во висина од 1,8 милиони евра. Заедно со алките кои се од израелски производител набавени се и батерии, инсталиран е и софтвер за нивно следење, обучени се 10 лица во Министерството за правда и отворен е мониторинг центар. Во Кривичниот суд има и три канцеларии наменети за пробациската служба, а такви канцеларии предвидеи се и во Битола, Прилеп, Гостивар, Охрид, Куманово, Велес, Тетово, Кочани, Струмица и Штип. Во нив треба да бидат вработени 90 службеници

Целта е во иднина да се стартува со пробацијата и првично да се активира процесот на ресоцијализација да се намали затворската популација со цел едно осудено лице многу полесно да се интегрира во општеството.

Постапката почнува кога ќе се исполнат 2/3 од казната а судовите ги “одбегнуваат” пробациските мерки, а пробациската служба нема ресурси.

Во Управата за извршување на санкции неискористени скоро четири години стојат околу 400 електронски алки кои се набавени со помош на европските фондови. Како што објави Телма овие алки можат да ја чинат Македонија 850.000 евра, бидејќи Европската комисија неодамна ја предупредила земјава дека ќе мора да ги врати парите назад. Набрзо по предупредувањето од Комисијата, на 28 декември е изречена пробациска условна осуда на осуденик да му се стави алка што би значело пробациски надзор. Од судот засега нема информација зошто досега не се изрекувала оваа мерка, иако опремата за следење и Законот со се подзаконските акти се од поодамна донесени.

Алките кои ги поседува Управата за извршување санкции не се со ЏПРС-систем на следење на сигналот, туку се со СД картички со што движењето на осуденикот е ограничено во одреден парамтераски круг. Добро информирани извори за Телма наведуваат дека системот бил оперативен откако е исталиран, но не бил применуван.

Причина за тоа е што до денес не е распишан тендер и не е избрана фирма за одржување на софтверот и на алките, поради што тие не можеле бидат ставени во функција. Наскоро треба да биде распишан тендер за избор на фирма, но нејасно е дали се предвидени средства за такви нешто во буџетот.

Инаку, системот на пробација од неодамна доби нова европска поддршка за да се зајакне и да стане функционален, за што Европската комисија од ИПА фондовите издвои 950.000 евра. Проектот стартуваше на крајот од ноември и ќе биде спроведен со помош на твининг од Германија и Холандија.