Уште малку сме од влез во 2023 година и нетрпеливо чекаме да запловиме во нови почетоци! Нè очекуваат бројни промени, можности и непредвидливи ситуации, но одредени хороскопски знаци ќе се вклопат подобро од другите.

Хороскопот предвидува хармонија за три хороскопски спојки.

Астролошките аспекти наложуваат дека овие знаци сигурно ќе се сретнат во следната година, а доколку добро се запознаат и влезат во емотивна врска, ќе почувствуваат неверојатна среќа и ќе ја доживеат љубовта од соништата!

ОВЕН И ВАГА
Со многу доминантна природа, Овенот добро ќе се сложува со Вагата во 2023 година. Луѓето родени во знакот Овен се лидери, а Вагата секогаш ќе знае како да ги исполни неговите потреби. Иако добро се согласуваат со огнените знаци како Лав и Стрелец, Овенот нема да сака да биде со партнер кој е подеднакво доминантен. Вагите се толерантни и имаат помирна природа, што на Овенот многу ќе му се допадне. Додека таа му обезбедува смирувачка енергија, тој ќе ја поттикнува да прави што сака.

БИК И РАК
Бикот е семеен знак кој сака да поминува време дома, особено со најблиските. Ова ќе биде пресудната причина поради која тие ќе одлучат времето во престојнава година да го поминат со Ракот, бидејќи и родените во овој знак се ориентирани кон семејството. Оваа двојка ќе знае како да ја одржи искрата во емотивната врска, а хороскопот предвидува дека во 2023 година добро ќе се сложуваат во сите области од животот.

СКОРПИЈА И РИБИ
Познато е дека Скорпиите се многу напорни партнери, иако тие за себе мислат дека е лесно да се работи со нив. Не можат лесно да му одговараат на било кого, а важат за страствени љубовници кои можат да направат сѐ за партнерот што го сакаат. Родените во знакот Риби се романтични, емотивни и веруваат во љубов. Ова особено ќе им биде потребно на Скорпиите во 2023. Доколку овие два знака се сретнат во наредната година, веднаш ќе започнат врска како од соништата.