Cher Killough од Далас работи како стјуардеса веќе пет години, објави видео на TikTok во кое, поучена од искуство, откри што никогаш не треба да прават патниците во авион, наведувајќи некои примери на непослушни (или само груби) патници.
„Број еден e ширење нозе. Особено ако седите на средното седиште, но тоа би требало да биде неприфатливо, без разлика каде седите. Имав момци кои ги шират нозете и над мојот дел од седиштето, тоа е едноставно неприфатливо. “, рече таа, обраќајќи им се на мажите.
„Мажите со низок морал секогаш го прават тоа. Ако јас можам да седам на моето седиште, можете и вие“, им рече таа.
Таа ја наведе смрдеата како втора најлоша работа со која се соочува како стјуардеса. „Мирисањето во авион треба да биде нелегално. Не ми е гајле дали е добро или лошо, никој не сака да мириса без разлика дали е мирис на телото, парфем или колонска вода“, рече таа.
„Авионот е средина каде што луѓето се склони кон гадење, така што додадениот мирис згора на тоа едноставно не е добра комбинација“, објасни таа.
Што се однесува до луѓето што ги истегнуваат нозете боси, Килоу рече дека тоа е еден од најлошите прекршоци. „Неприфатливо е да ги покажуваш твоите голи прсти во кабината. Сериозно заслужуваш да одиш во затвор ако имаш голи прсти кога одиш во тоалет. Го гледам ова цело време и треба да биде незаконско. Во принцип, не сакам да ти ги видам прстите на нозете“, изјави таа за крај.
Тиктокерсите во своите коментари напишаа дека се согласуваат со нејзината листа. Некои коментираа дека им се гади од нејзините приказни од авионот, а други се шегуваа.
„Прсти? Директно во затвор“, „Мажи, престанете да ги ширите нозете во авионот“ и „Ви благодарам за ова“, напишаа тие.