Студија: Една намирница би можела да го спречи когнитивниот пад кај жените

486

Според една студија од 2020 година, жените имаат 71 процент шанса да доживеат когнитивни попречености во нивниот живот. Благите форми на когнитивно опаѓање вклучуваат заборавеност, тешкотии при следење разговори, тешкотии при донесување одлуки и слични симптоми.

Иако благиот когнитивен пад е природен дел од стареењето, тој делумно може да се спречи со вежбање и други здрави навики. Дури и јадењето јаткасти плодови е корисно за здравјето на мозокот. Според една студија од август 2024 година, уште една храна може да помогне да се зачува острината на мозокот – јајцата.

Во оваа лонгитудинална студија, учесниците редовно консумирале јајца во подолг временски период. Кај жените, истражувачите откриле дека редовното консумирање јајца е поврзано со подобра когнитивна функција, што значи дека учесниците имале помалку потешкотии со меморијата, решавањето проблеми и приспособувањето на новите ситуации.

Иако разликата не беше голема, тоа не е изненадувачки бидејќи храната не може целосно да го спречи или елиминира когнитивниот пад, но може да го ублажи или забави.

Важно е да се напомене дека зборуваме за корелација, што не значи каузалност. Когнитивното здравје е под влијание и на други фактори, како што се општите здравствени навики и медицинската историја.