Од недела следува голема промена на временските услови на Балканот, односно студен фронт ќе се спушти од северозападот на Европа. Врнежите од дожд што ќе ја зафатат Хрватска, во недела вечерта и понеделник, ќе залади повеќе, па така на врнежите од дожд на планините ќе преминат во снег. Температурите ќе бидат пониски за десет степени.
Додека оваа прогноза се ограничува само на повисоките места, словенечкиот портал „Neurje.si“ најавува повеќе снег. За западниот дел на Словенија во периодот од недела до понеделник прогнозираат и нешто поголемо количество дожд.
Користејќи ги моделите на Европскиот центар за прогнози (ECMWF), се заклучува дека границата на врнежи од снег под влијание на циклонот ќе падне на околу 1.500 метри. Сепак, снегот поради високите дневни температури брзо ќе се стопи, а самото ладење не би требало да трае предолго, пишува N1.
Што се однесува пак, за времето во Македонија, метео-прогнозерот Славчо Попоски познат по своите анализи за временските прилики, не ја исклучува можноста веќе пред ноември, Македонија да ја зафати студен бран, но и снег. Тој најавува и ниски температури.
– Дали прерано ќе не зафати првиот зимски удар?! Ако вака останат работите, студ и снег насекаде на Балканот и во Македонија за десетина денови одсега. Да напоменеме дека промени во прогнозите ќе има! Какви? Останува да видиме!, напиша Попоски.