Здружението за доброволна работа „Акцијаши“ , јубилејот 60 години од катастрофалниот земјотрес на 26 јули ќе го одбележи со доброволната работна акција „Дора Скопје 2023 на нашите дланки“. Оваа активност воедно ќе се одвива во рамките на проектот „60 години од катастрофалниот скопски земјотрес, 45 години од МРА Скопје 1978 и 70 години од почетокот на изградбата на мавровските електрани МРА „Маврово 48“.
Акцијата ќе се одржи од 23.07 до 30.07.2023 година во Скопје во населбата Автокоманда во студентскиот кампус „Стив Наумов“. На акцијата ќе учествуваат акцијаши волонтери од нашиот град, од државата и поранешните ју простори(Србија,Босна и Херцеговина и Словенија). При тоа, ќе учествуваат 6ригади со 25 бригадири и тоа четири младински и две бригади составена од акцијаши-ветерани учесници на некогашните младински работни акции во поранешна Југославија.
Како што информираат од „Акцијаши“,студентскиот дом „Стив Наумов“, седум дена ќе биде бригадирска населба. Волонтерите своите работни активности ќе ги извршуваат од понеделник до петок (од 24 до 28 јули) на трасата која ќе ја одреди Општина Гази Баба, а ќе биде во реонот на комплексот факултети од Земјоделскиот до Природно-математичкиот факултел и во парк шумата „Гази Баба“.
– Работните активности на акцијата ќе се состојат од средување на дворните површини на факултетите составени од паркови, кроење на стеблестите дрвја кој на овие простори ги има од разни видови и родови, како и садење нови садници во парк-шумата „Гази Баба“ и садење ниски зимзелени садници и цвеќиња во дворот на студентскиот дом, односно бригадирската населба. Во извршување на овие работни задачи очекуваме подршка и од механизацијата на ЈКП Гази Баба како и од работните организации кој гравитираат и работат во оваа општина – велат од „Акцијаши“.
Во рамките на работната акција ќе има и културно-забавен дел, како и редовни спортски-натпреварувачки активности.
-Секој работен ден ќе започнува со утринска гимнастика, а во попладневните часови ќе се одржуваат културните активности преку работилници,изработка на билтени, ѕидни и фото весници, секции, предавања идр. Вечерните часови се резервирани за забава на учесниците на акцијата која ќе се реализира преку учество на естрадни ѕвезди,бригадни вечери и настапи на културно уметнички друштва – велат од здружението за доброволна работа.
Средата, ќе биде резервирана за спортот и реализација на сите спортски натпревари кои ќе се одржат во спортската сала во населбата Автокоманда и на спорските терени во ОУ „ Стив Наумов“, исто така во Автокоманда.
Последните два дена од акцијата предвидени се за заеднички посети на градот Скопје, излетничките места во скопската околина, како и посета на мавровските електрани. Во сабота навечер е завршната бригадирска вечер на која покрај логорскиот оган на учесниците ќе им бидат поделени благодарници и пригодни подароци.
На 26-ти јули учесниците на акцијата се предвидува да присуствуваат на централната манифестација во музејот на град Скопје, а акцијашка делегација истиот ден ќе оддаде почит во алејата на загинатите во скопскиот земјотрес на гратските гробишта во Бутел со положување на свежо цвеќе.
Со вакви акции во 2013 година во Градски парк се одбележа 50 години од земјотресот и во 2018 по повод 55 години од скопскиот земјотрес во студентската населба „Стив Наумов“.
– Оваа јубилејна година во која одбележуваме 10 години работа на нашето здружение со овој проект ке ги одбележиве и трите овогодишни значајни датуми за нас, меѓу кои акцент ќе се даде на одбележувањето на 60-те години од скопскиот земјотрес во чија чест и ќе се одржи оваа акција – закличија од „Акцијаши“.
(А.П.)