Студенти во Германија ќе возат трамваи затоа што нема работници

282

Транспортната компанија објави оглас наменет за студентите, нудејќи им да возат трамваи со скратено работно време надвор од часовите.

Под притисок од големиот недостиг на работна сила, фирмите за јавен транспорт, како што е градскиот сервис ВАГ во Нирнберг, мораа да најдат нови извори за да ја зголемат својата работна сила.

ВАГ треба да вработува 160 нови возачи годишно за да управуваат со трамваите, автобусите и возовите во метрото. За Харалд Рубен, кој го предводи тимот за регрутирање и обука на компанијата, беше јасно дека „нема да ја постигнат таа цел доколку не ги истражат сите можности“.

Транспортната компанија објави оглас наменет за студентите, нудејќи им да возат трамваи со скратено работно време надвор од часовите. Треба да поседуваат возачка дозвола, да се постари од 21 година и „сигурни и способни за возење и работа во смени“.

Многу сектори во Германија, како и во другите европски земји, се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила, кој се очекува да се влоши доколку не се преземат итни мерки. Фирмите за јавен транспорт предупредија дека можеби ќе треба да го намалат бројот на автобуси, трамваи или подземни возови бидејќи очекуваат десетици илјади работни места да останат непополнети во наредните години.

Поради недостиг на работна сила, работниците во транспортниот сектор изминатите недели штрајкуваа низ целата земја за да привлечат внимание на нивната мака, а синдикатот Верди предупреди на влошување на условите за работа.