Струмичкиот карневал интересен за туристи од Бугарија и Турција  

44

Општина Струмица успешно се претстави на Меѓународниот саем за туризам што се одржа од 13 до 15 овој месец во Софија.

– Струмица и Струмичкиот карневал беа претставени пред многубројните посетители на саемот, а бугарските посетители уште еднаш потврдија дека Струмица е исклучително интересна и атрактивна дестинација за нив – вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Во рамки на посетата на Софија, Јаневски остварил средба со министерската за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова и со претставници од повеќе бугарски и грчки општини кои го посетиле штандот на Струмица.

Исклучителен интерес за соработка со струмичките хотели и за посета на Струмичкиот карневал изразил и претседателот на Здружението на туристички агенции на Турција, Орхан Чеби.

– Целта на саемското претставување беше промоција на Брендот Струмица, Струмичкиот карневал и туристичката понуда на струмичките хотели кои имаа одлична можност за воспоставување на контакти со балканските туроператори –  рече Јаневски.