Стружанецот Славчо Крежески со песна за македонските иселеници

484

Славчо Крежески, родум во Струга, е релативно ново лице на нашата музичка поп-сцена. Тој подолго време  работи и живее во Швајцарија и секогаш со задоволство се враќа во родната Македонија, особено во својата Струга. За својот град ја кажува добро познатата мисла „како Струга нема друга“. Славчо, и преку пеењето, не ја заборава татковината, па објави нови песна и видеоспот. Станува збор за носталгичната „Одведи ме дома“ и се надева дека македонските иселеници и печалбари ќе се пронајдат во неа.

– Кога ќе ја слушнат оваа емотивна песна, нашите луѓе ќе посакаат да се вратат во родната грутка. Тие заминале од многу причини, од финансиски, од несредениот систем и слично – објаснува Славчо со тага во гласот.

Kако автори на „Одведи ме дома” се потпишуваат Кире Јакимов (музика) и Дарко Андонов (текст, аранжман и снимање). Славчо одлично го испеа сето тоа. Неговите музички соништа полека, но сигурно се остваруваат.    Д.М.