Стрип: „Хавана САД“ и „Реквием“ на македонски

288

Стрип-центарот од Велес ги издаде на македонски јазик стрип-книгите „Хавана САД“ од Гани Јакупи од Косово, „Реквием“ од Марко Стојановиќ, Марко Николиќ и Дејан Ненадов од Србија и „1990 – 1999 Визуелна хроника на македонскиот стрип“ од Александар Стеванов од Штип.

Томе Трајков од Стрип центарот вели дека книгата „1990 -1999 Визуелна хроника на македонскиот стрип“ е обид на македонскиот стрип автор да го афирмира и систематизира стрипот во нашата земја. „Книгата е успешен обид на младиот, но веќе докажан македонски стрип сценарист и хроничар Александар Стеванов, да го афирмира и систематизира тешко видливиот, но реален континуитет на деветтата уметност – стрипот во нашата држава. Периодот што е обработуван започнува од осамостојувањето на Македонија и периодот кога во нашата држава веќе не се дистрибуираат изданија на српски јазик“, појасни Трајков.