Страотни сцени од поплавите во Германија: Најмалку 80 загинати, 1.300 лица се исчезнати/ВИДЕО

215

Расте бројот на настрадани од силните поплави во западна Германија, со повеќе од 13000 лица исчезнати, а според последниот извештај на полицијата во Кобленц, најмалку 81 лице починале.

Најмалку 30 лица загинаа во Северна Рајна-Вестфалија, и најмалку 50 во Рајнската област-Пфалц.

„Стравот е дека ќе има уште повеќе“, рече портпаролот на полицијата во Кобленц.

Германските власти соопштија дека во моментов дури 1300 лица се водат како исчезнати. Објаснуваат дека поради немањето на сигнал на мобилните телефони, е многу тешко да се дојде до некои од нив.

Она што не оди во прилог е и денешното неповолно време во таа област. Најавени се силни дождови, но и град и ветер.