Страотна сообраќајка на патот Кичево – Охрид

146

Пожарникари се обидуваат да го извадат возачот на „Сузукито“ во стравотната сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево -Охрид, пренесува Досие.мк.

Повеќе лица се повредени во сообраќајката што се случила пред еден час на патот Кичево-Охрид, објави 24 Инфо.

Во судир на „фолксваген пасат и „сузуки марути“ има повеќе повредени, а пожарникарите се обидуваат да го извадат возачот на „сузукито“.

Сообраќајот е во прекин, а полицијата врши увид.

За сега нема информации од МВР.