Најмалку 23 лица загинаа во експлозија во фабрика за огномет во провинцијата Суфанбури во централниот дел на Тајланд, соопштија спасувачките екипи.
Инцидентот се случил во провинцијата Суфан Бури, околу 120 километри северно од Бангкок, пренесува АП.
Засега не се пронајдени преживеани во фабриката, а причината за експлозијата се уште се истражува.
Канцеларијата на тајландскиот премиер објави видео снимка на која регионалниот полициски командант по телефон му кажува дека во фабриката во моментот на експлозијата имало од 20 до 30 работници. Во ноември 2022 година, во истата фабрика се случи силна експлозија, во која еден работник загина, а тројца беа тешко повредени.
BREAKING – Firework factory explosion in Suan Taeng sub-district of Suphan Buri province reportedly kills 23 people. pic.twitter.com/mJwcTTU9wH
— Thai PBS World (@ThaiPBSWorld) January 17, 2024
Фотографиите објавени од спасувачите покажуваат дека областа била срамнета со земја од експлозијата.
THAILAND: At least 20 dead in a massive fireworks factory explosion. #explosion #factory #Thailand pic.twitter.com/fh8bpm9Ze8
— News Globe Official (@NewsGlobePK) January 17, 2024
Слична несреќа се случи во јули минатата година на југот на земјата во Сунгаи Колок. Таму во експлозија на магацин со пиротехнички средства загинаа десет лица, а повеќе од сто беа повредени.
Во Тајланд главно не се почитуваат основните безбедносни правила, што резултира со слични несреќи со човечки жртви во последните неколку години.