Стојне Николова му “фрли” око на Благоја Грујовски !

232

Струмичанката Стојне Николова со композицијата “Око мое” оствари соработка и со познатиот македонски музичар Јане Рафајлоски. – Со Јане соработуваме веќе 2-3 години. Тој за мене има направено и една преубава песна која се вика “Ајде Македонијо”. Со Јане се запознав покрај мојот добар колега Бобан Мојсовски, кога се преселив во Скопје. Бобан постојано ми кажуваше за него. Навистина се воодушевив кога го слушнав Јане на саксофон, раскажува Стојне за своите нови пријателства и нови соработки на естрадата.

Но, наскоро згоднатa Стојне ќе му “фрли око” на пејачот Благоја Грујовски со кој најавува музичка соработка. Браво и за двајцата! Одвај чекаме да им ја слушнеме заедничката песна. Хит или не, прашање е сега?  Д.М.  (фото-фб)