Сторија на Би-би-си за украинските војници: Мрачно расположение, лутина, замор, недостаток на сон и наредба да се држи Курск до инаугурацијата на Трамп

276

Вооружените сили на Украина не добија никаква наредба да го задржат регионот Курск до инаугурацијата на Трамп сè до идната „размена“, реагира шефот на Центарот за борба против дезинформации на Украина, Андриј Коваленко и ги окарактеризира извештаите што кружат во медиумите како лажни. Опишувајќи ја атмосферата на фронтот, Би-би-си пренесува и текст што на 26 ноември им го пратил војникот Павло. „Повлекувањето е дополнителен фактор за фрустрација. Руските сили постепено ги враќаат изгубените територии. Овој тренд ќе продолжи. Само е прашање на време. Тој додава дека заморот е огромен бидејќи нема ротација, а на фронт доаѓаат нови единици составени главно од средовечни мажи, префрлени директно од други фронотови, без одмор.

 

Мрачно расположение и голема лутина владее меѓу украинските војници кои веќе четири месеци се на борбената линија во Курск, пренесува Би-би-си, чии репортери интервјуирале неколку од нив преку пораки на Телеграм.

-Ситуацијата се влошува секој ден. Не ја гледаме целта. Нашата земја не е тука, напишале украинските војници во пораките.

Би-би-си известува дека речиси четири месеци откако украинските сили започнаа молскавична офанзива во рускиот регион Курск, пораките од војниците кои се борат таму даваат мрачна слика за битката што не ја разбираат и стравуваат дека би можеле да ја изгубат. Во објавената статија неименувани украински војници се жалат на ужасните временски услови и хроничниот недостаток на сон, предизвикани од постојаното руско бомбардирање, кое вклучува употреба на застрашувачки лизгачки бомби тешки 3.000 килограми.

Во сторијата, повикувајќи се на изјавите на војниците британскиот јавен сервис ја прошири и информација дека украинсите војници добиле наредба да го „држат“ Курск се до 20 јануари кога Доналд Трамп ќе биде инаугуриран за претседател на САД.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина ги отфрли тие тврдења, јави Киев Пост, а денеска информацијата ја демнатираше и шефот на Центарот за борба против дезинформации на Украина, Андриј Коваленко.

-Вооружените сили на Украина не добија никаква наредба да го задржат регионот Курск до инаугурацијата на Трамп сè до идната „размена“, реагираше тој и ги окарактеризира извештаите што кружат во медиумите како лажни, истакнувајќи дека украинските сили во регионот Курск извршуваат борбени мисии кои се во согласност со пошироките стратешки цели на линијата на фронтот.

Коваленко нагласи дека овие мисии влијаат на ситуацијата на неколку други фронтови, вклучително и на позиционирањето на руските сили и додаде дека таквите наредби „во принцип не можат да се издаваат на армијата“.

Но, она што го пишува британскиот сервис, а го демантира Украина, наоѓа своевидна потврда во една неодамнешна изјава на претседсателот Володимир Зеленски, кој рече дека и Русија го има во предвид 20 јануари како клучен датум.

-Путин сака да не потисне до 20 јануари. Важно му е да покаже дека ја контролира ситуацијата. Но тој не ја контролира, рече тој.

Опишувајќи ја атмосферата на фронтот, Би-би-си пренесува и текст што на 26 ноември им го пратил војникот Павло. „Повлекувањето е дополнителен фактор за фрустрација. Руските сили постепено ги враќаат изгубените територии. Овој тренд ќе продолжи. Само е прашање на време. Тој додава дека заморот е огромен бидејќи нема ротација, а на фронт доаѓаат нови единици составени главно од средовечни мажи, префрлени директно од други фронотови, без одмор.

Поплаки на командантите, опремата и одлуките не се ретки меѓу војниците, но тонот на овие пораки укажува на подлабок проблем. Многумина се сомневаат во смислата на операцијата и се прашуваат дали целите се воопшто остварени. Една од првобитните задачи била руските трупи да се одвојат од источниот фронт на Украина, но некои војници веруваат дека таа цел не е постигната.

Иако сојузниците неодамна одобрија употреба на оружје со голем дострел за цели внатре во Русија ефектите не го подигнале моралот на фронтот. „Никој не седи во рововите и се моли за ракети,“ пишува Павло. „Ние живееме и се бориме овде и сега. Ракетите летаат некаде на друго место.“

Победите постигнати со тоа оружје на војниците на фронтот им изгледаат далечни. Мирослв вели дека не разговараат за ракетите, туку за семејството, ротацијата, за едноставни работи.

Иако бавното руско напредување на истокот на Украина покажува зошто е важно да се држи фронтот во Курск меѓу војниците расте чувството дека се на погрешно место. „Нашето место би требало да биде на истокот на Украина, а не овде на туѓа земја. Не ни требаат шумичките на Курск во кои оставивме толку соборци“, вели Павло.

Војниците исто така велат дека во шумите на Курск се уште не сретнале војници од Северна Кореја иако слушнале дека ги има таму. Украинската војска дури и вети награди, како дронови или дополнително отстуство за фаќање на севернокорејски војник.

-Тешко е да фатиш Кореец во темната курска шума. Особено ако овде ги нема, иронично вели Павло за Би-би-си.

Но, спореед пишување на други медиуми, украинските војници веќе имале средби со Корејци, но не се плашеле од нив.

-Од нив научив и неколку фрази. Рацете горе, фрли го оружјето и полека приближи ни се. Фрли ги панцирот и кацигата, раскажа војникот Виталиј Овчаренко за Гардијан.