Најавена уште една голема масовна сеча во реонот на Азот, во непосредна близина на мијачкото село Ореше во Општина Чашка. Селаните од Ореше најавуваат жесток отпор и одбрана на своите кории кои што се едни од најбогатите реони со висококвалитетна шума во нашата земја.
Селаните од Ореше преку јавен апел на социјалните мрежи најавија самоорганизирање и мртва стража за одбрана на шумата.
Политичката партија Левица е категорично против најавата за уште еден шумска касапница и бара од Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, итно да го поништи тендерот и да ја спречи најавената сеча што може да биде причина за сериозен конфликт.
Инаку, оваа сеча е продолжение на минатогодишната изведена околу селото Папрадиште што предизвика огромна штета на шумскиот фонд, неповратно уништување на локалниот пат и ерозија на почвата.