Стопанска комора организираше бизнис дружење со членките

68

Стопанската комора на Македонија, организираше бизнис дружење со членките, со цел преку неформална средба, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите.

Амбиентот во комплексот Белви Скопје, во пријатна атмосфера, беше место  каде претставници на повеќе од 50 најголеми, најуспешни и најлојални членки на Комората, дел од членките на Управниот и Надзорниот одбор на Комората, Советот на странски инвеститори, и вработените во Комората имаа можност за бизнис и неформално дружење.

-Во групата успешни компании членки, секогаш има најуспешни и токму на таквите ние им одадовме посебна благодарност подарувајќи им на трите први по една уметничка слика од нашите вработени, кои се занимаваат со сликарство во слободно време, велат од Комората.

Забавниот дел им беше доверен на музичката група Фрајле и на Ѓоко Танески.