Стопанска банка АД-Скопје станува најголема продажна мрежа за осигурување

168

Во соработка со Кроација осигурување/ Неживот и УНИКА лајф, Стопанска банка АД-Скопје ја создаде најголемата продажна мрежа на осигурување. Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето, банката на пазарот нуди и осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно до секого. Банкосигурувањето се воведува во годината кога Стопанска банка АД-Скопје го слави 75-годишниот јубилеј.

– Осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи, а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи, изјави генералниот извршен директор на банката, Диомидис Николетопулос.

Реализацијата на над 5.000 полиси преку Стопанска банка АД Скопје покажува дека кај клиентите најпопуларни се бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на ВИСА/МАСТЕРЦАРД кредитните картички, кредитите со вклучено животно осигурување и кредитите со вклучено осигурување од незгода. Освен осигурителните продукти кои се врзани со кредит, клиентите на банката може да се добијат и имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, зелен картон, каско осигурување и друго.

– Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, во интерес на корисниците направивме соработка со Стопанска банка АД – Скопје, преку која на едно место добиваат многу повеќе, рече генералниот извешен директор на Кроација осигурување/Неживот, Гоце Вангеловски.

Александра Шкемби Антовска, генерален извршен директор на Уника лајф, потенцира дека партнерството со Стопанска банка АД-Скопје, ќе им овозможи да реализираат значаен развој на животното осигурување во Македонија.