Столтенберг: НАТО се повеќе загрижен дека Кина би можела да и испорача оружје на Русија

55
EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

НАТО е сè позагрижен дека Кина, која неодамна предложи мировен план од 12 точки за ставање крај на војната во Украина, би можела да и достави оружје на Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Говорејќи на нордискиот самит САМАК во Хелсинки, Финска, Столтенберг истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за уште војување додека започнува нови офанзиви, мобилизира повеќе војници и посегнува до Северна Кореја и Иран за повеќе оружје.

– Ние сме, исто така, се повеќе загрижени дека Кина можеби планира да обезбеди смртоносна поддршка за Русија, рече тој, повикувајќи го НАТО да продолжи да ја поддржува Украина.

Столтенберг објасни дека дури и кога војната ќе заврши, НАТО „мора да го прекине кругот на руската агресија“ дозволувајќи и на Украина да се одврати и да се одбрани од идни напади.

Столтенберг го повика НАТО да обезбеди долгорочни безбедносни аранжмани за Украина, бидејќи таа земја припаѓа на евроатлантското семејство.

Столтенберг го повика НАТО да обезбеди долгорочни безбедносни аранжмани за Украина, бидејќи таа земја припаѓа на евроатлантското семејство.

– Крајот на оваа војна нема да биде враќање на нормалноста во нашите односи со Русија, бидејќи Москва ја разградува целата архитектура на контрола на оружјето, додаде тој.

Според Столтенберг, земјите од НАТО мора да се посветат повеќе на буџетот за одбрана, дури и ако ризикуваат да ги намалат трошоците за други политики со цел да ја задржат безбедноста во се поопасниот свет.

Тој ја поздрави подготвеноста на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да продолжи со разговорите за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО и рече дека претставници на засегнатите страни ќе се сретнат следната недела во Брисел.

– Време е процесот да се финализира и Шведска и Финска да бидат полноправни членки на нашата Алијанса, рече Столтенберг.