НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа.
Ова според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес.
„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.
Последната фаза на ратификацијата на Преспанскиот договор на домашен терен почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред утврдување на прелог уставните амандмани, нивно донесување,прогласување на амандманите и усвојување на прелог уставен закон за нивно спроведување.
Според досегашните најави опозициската ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во последната фаза од уставните измени
Се забрзува процедурата и во Атина. Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за Њуз247 го потврди ставот дека во парламентот постои мнозинство за ратификација на Договорот.