Столтенберг ги повика членките на НАТО да ги надминат разликите околу Авганистан

62
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика денеска членките на Алијансата да ги надминат несогласувањата и да избегнат конфликти околу повлекувањето од Авганистан на министерскиот состанок закажан за утре и задутре во Брисел.
– Различните мислења за повлекувањето од Авганистан не треба да предизвикаат јаз меѓу САД и Европа, изјави Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО, прв по повлекувањето на 31 август.
Некои држави отворено го критикуваа договорот меѓу Вашингтон и талибанците, како и американското одбивање да го одложи повлекувањето на војниците со цел да се олесни евакуацијата од Авганистан.
Пред посетата на Романија, пред заминувањето во Брисел, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека е подготвен да разговара околу „лекциите“ за присуството на НАТО во Авганистан.
– НАТО ги анализира грешките во својата мисија во Авганистан, но е рано за какви било заклучоци. Не смееме да извлекуваме погрешни заклучоци од Авганистан и да кажеме дека Алијансата повеќе не треба да учествува во борбата против тероризмот надвор од територијата на земјите членки, нагласи Столтенберг.