Стоилковиќ по предлогот да биде вицепремиер: Јас и корупцијата сме немале и нема да имаме никакви допирни точки

331
Искрено благодарам на довербата која ми е укажана, соопшти синоќа Иван Стоилковиќ откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мандатар за состав на новата македонска влада го предложи за заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците.

„Она што со сигурност можам однапред да кажам дека јас и корупцијата сме немале и нема да имаме никакви допирни точки, а оној потешкиот дел на обврските да се даде сериозен придонес во подобрување на условите за живот на сите македонски граѓани е обврска во која ќе вложам максимум од моите можности како во организацијата на работата на министерството со кое ќе раководам, така и во делот на реализација на Платформата1198, но и во реализација на ветувањата кои ги дадов во текот на кампањата. Како будем радио, тако ми Бог помогао!“, напиша Стоилковиќ, кој е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.