Англискиот фудбалски стратег Стивен Џерард објави дека не сака да биде тренер во Саудиска Арабија, откако понуда на негова адреса дојде од прволигашот Ал Итифак во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
- Ја анализирав понудата и потенцијалното заминување за Саудиска Арабија, но ми се чини дека од тоа нема да има ништо, изјави 43-годишниот Џерард.
Легендарниот фудбалер на Ливерпул и репрезентацијата на Англија од крајот на минатата година е без тренерски ангажман, откако ја напушти клупата на премиерлигашот Астон Вила.