“Буџетот за култура за 2021 изнесува 53 милиони евра, а за проектите од национален интерес се издвоени  15,5 милиони евра. Буџетот за култура во однос на целиот буџет на државата е 1,23 проценти и во однос на минатата година е намален за 10 милиони денари“, изјави на вчерашната прес конференција министерката за култура Ирена Стефоска објаснувајќи го предлог буџетот за наредната година.

Таа посочи дека намалувањето е резултат на пандемијата, а буџетот е проектиран во согласност со здравствената криза.

Стефоска посочи дека повеќе средства со предлог буџетот за 2021 се извоени за плати во културата, а издвоени се средства и за одржување на објекти од националните установи стари над 30 години, за софтвер и хардвер за современо функционирање на институцијата, како и за новата програма за заштита на културното наследство за што се издвоени 12 милиони денари.