Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, беше на прием во Агенцијата за млади и спорт по повод новата титула во Европскиот шампионат на ридско-планински патеки.

Стефановски претходниот викенд ја освои третата европска титула, откако доминантно славеше на осум од десетте трки сезонава.

Тој доби благодарница од првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски, како и плакет од најдобрите моменти во сезоната која неодамна заврши.