Унгарскиот ракометен клуб ПИК Сегед, доживеа голем удар во пресрет на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Унгарскиот вицешампион остана без услугите на хрватскиот интернационалец  Лука Степанчиќ, затоа што тој се здоби со серизна повреда. Според информациите кои доаѓаат од Сегедин, искусниот бек добил фрактура на стапалото и се очекува да паузира најмалку три месеци.

Ова значи дека за него годината е завршена, а со тоа и сигурно ќе биде надвор од стројот на тимот за дуелот со Вардар, кој се игра на први октомври, во рамки од третото коло на Лигата на шампионите.