Славните актери Силвестер Сталоне и Долф Лундгрен се обединија и ќе работат заедно на новата ТВ-серија за која Фокс, ЦБС и НБЦ имаат силен интерес.
Сценарист е Кен Санзел кој работел и на популарната серија „Броеви“. Лундгрен ќе игра прикриен агент во одделот за безбедност на ООН, а неговиот лик е опишан како тим на SWAT од еден човек и преговарач во ситуации со заложници. Сталоне се споменува и како режисер во овој случај, пишува порталот „Deadline“.
Извршни продуценти се Тони Кранц, партнерот на Сталоне од Билбоа продукцијата Бреден Афтергуд и менаџерот на Лундгрен, Крег Баумгартен.
Сталоне и Лундгрен првпат соработувале на „Роки IV“, во кој глумеа ривали Роки и Драга, а потоа повторно се сретнаа во „The Expendables“. Во изминатиот период, тие ги повторија улогите на Роки и Драга во спинофот „Creed II“.
Двајцата се држеа и надвор од камерите. Минатиот викенд, Сталоне објави видео каде тој, Лундгрен и нивниот колега Арнолд Шварценегер се дружат во Лос Анџелес.