Во Народниот театар – Штип вечерва (13 декември), во 20 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Стан 54“, чиј  автор е Никола Кузелов, а во колективна режија.

Според Кузелов станува збор за научно-фантастична трагедија во која се разработуваат предизвиците со кои се соочува современиот човек, вештачката интелигенција, но и како таа влијае за луѓето помеѓу себе да се отуѓат и отфрлат.

Дејството на претставата се случува во стан со број 54. Освен брачниот пар кој живее во станот, силното невреме ќе ги затече сосетката и продавачот кои случајно се нашле таму. Тогаш сите заедно одлучуваат да живеат таму и да глумат семејство. Во претставата играат: Никола Кузелов, Ања Митиќ, Нела Павловска, Виктор Велевски, драматург е Весна Куслеска.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам.