„Станува неподносливо наметлив поради желбата да биде клучен играч во сѐ: Ќе потрае ли блискоста помеѓу Маск и Трамп?“

35

Илон Маск, милијардер и извршен директор на Тесла и Спејс Икс, ќе го предводи новиот Оддел за владина ефикасност заедно со Вивек Рамасвами, објави новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Овој потег ја потврдува блискоста на Маск со Трамп, но некои од кругот на Трамп веруваат дека Маск станува премногу наметлив, пишува Блиц.рс.

Илон Маск агресивно ги промовира своите ставови за вториот мандат на Доналд Трамп и е речиси постојано присутен во домот на Трамп во Мар-а-Лаго. Ова може да укаже на пречекорување на неговата улога во преодниот тим. Неговото однесување и желбата да биде клучен играч во сите одлуки може да доведе до намалување на неговото влијание на долг рок, особено ако се земе предвид дека тој почна да ги „нервира сите луѓе во внатрешниот круг на Трамп“.

Колкаво влијание има Илон Маск врз Трамп?
Маск беше меѓу најжестоките поддржувачи на Трамп, трошејќи над 152 милиони долари на неговата кампања и на другите републикански кандидати за време на изборите во САД во 2024 година во новата администрација.

Каква е иднината на односите меѓу Маск и Трамп?
Иако односите меѓу Маск и Трамп беа нестабилни во текот на годините, нивната неодамнешна соработка му донесе корист на милијардерот, со оглед на порастот на вредноста на акциите на Тесла. Сепак, интензивно се шпекулира за долгорочната одржливост на нивната врска, со оглед на амбициите и личноста на секој од нив, пишува Блиц.рс