Станојковски и Димитриевска победници и на вториот Телеком мастерс пинг-понгарски турнир

69

Кристијан Станојковски и Ива Димитриевска се победници на вториот Телеком мастерс бодовен турнир во пинг-понг за сениори одржан денеска во Свети Николе во организација на ПК Шампион ФА од Штип.

На турнирот учествуваа повеќе од 40 играчи во двете категории (сениори и сениорки).

Како и на првиот Телеком мастерс турнир фаворитите Станојковски и Димитриевска супериорно ги освоија првите места. Со победите Станојковски и Димитриевска дополнително се зацврстија на чело на ранг листата и речиси имаат обезбедено сигурно место во сениорската репрезентација.

Сениорите беа распоредени во 12 групи додека сениорките во 4 групи. После групните натпреври двајца најдобри од секоја група продолжуват во системот на директни еллиминации.

Најинтересен натпревар на турнирот беше полуфиналето помеѓу Младеновски од Шампион ФА и Јочкоски од Младост. И овој пат како и на првиот мастерс со идентичен резултат со 4:3 славеше Јочкоски. Во машкото финале Станојковски го совлада Јочкоски со 4:1.

Кај сениорките финалето беше далеку повозбудливо каде што Ива Димитриевска славеше победа со 4:3 над Ана Стојановска.

Пласман сениори:
1.Кристијан Станојковски
2.Ѓоко Јочкоски
3.Петар Костовски.

Пласман сениорки:
1.Ива Димитриевска
2.Ана Стојановска
3.Ана Марија Димитрова.