Срцето на Џеј Рамадановски престана да чука во сон – Четири тажни години од смртта на мегапопуларниот пејач

360

Тој ја испеа легендарната и незаборавната песна „Недеља је и сви сте ту, а мене сад нема…“ и замина во вечниот сон. Тажните недели останаа без бисерниот глас на пејачот Џеј Рамадановски.                                                                                             Има македонско потекло, некаде од околината на Ресен. Неговите родители се преселија од Македонија во Србија, во потрага по подобар живот. Така што Џеј е роден во Белград, каде што израсна.  Поточно во белградската населба Дорќол.  Таму и остана да живее сè до крајот на својот турбулентен живот. Од уличен играч со кибрити до голема пејачка ѕвезда, а го откри хитмејкерката Марина Туцаковиќ. Зад себе остави многу фолк-хитови. По повод четири години од неговата смрт, се огласи ќерка му Марија, со срцепарателна порака:

– Четири години без тебе, тато мој. Нема потреба да пишувам нешто, сè знаеш. Ти си најголем, гордост си моја! Те сакам најмногу на свет!!

Секој оној што го прочита ова, роднините, пријателите, колегите од естрадата, не можеше да се воздржи од солзи.

Џеј беше пејач што знаеше да покаже емоции во сите песни, а во приватниот живот беше голем шегобиец. Многу си го сакаше семејството. Иако животот не го галеше, тој секогаш, во која било борба со своето комплицирано секојдневие, беше победник. Не криеше дека го сака алкохолот. За жал, ненадејно почина во сон. Пред смртта, имаше тешка операција на срцевиот залисток, а, според наодите од обдукцијата, неговото срце престанало да чука додека спиел.     Д.М.

ИЗДВОЕНИ