Веројатно на сите ви е позната животната приказна на турскиот кошаркар Енес Кантер. Кошаркарот на Бостон веќе неколку години е непожелен во својата татковина заради конфликтот со режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој беше протеран од оваа земја и не смее да се врати во Европа, во спротивно ќе беше веднаш уапсен или убиен, смета Кантер.

Затоа тешко го поднесе „Светскиот ден на мајката“, што го одбележа преку Инстаграм на многу емотивен начин.

  • Здраво мамо. Денес е „Денот на мајката“, твојот ден. Поминаа шест години откако не сум го видел твоето лице, не сум го слушнал твојот глас, не ја вкусив твојата прекрасна храна и шест години откако не ти кажав дека те сакам. Ова  е нешто што најмногу ми недостасува. Ми се кине срцево. Се надевам дека си безбедна крај тато. Се надевам дека не си лута на мене. Знам што направив на нашето семејство, но морав да го сторам тоа затоа што се обидувам да ја одбранам демократијата, слободата и човековите права. Не смеам да премолчам, дури и ако животот го бара тоа, исткна турското кошаркар во трогателното обраќање.

Тие дури и не можат да се слушнат по телефон, а сè што има е фотографија од неа.

  • Ја имам твојата фотографија на телефон. Тоа е највредната работа во мојот живот. Ми носи насмевки на моето лице, особено по натпреварите. Многу играчи одат кај нивните мајки и им кажуваат колку ги сакаат. Јас земам телефон, ја гледам твојата слика и тоа ме прави среќен, затоа што знам дека си секогаш со мене, знам дека се молиш за мене, знам дека твојот сон беше да дојдеш на некој од моите натпревари и да навиваш за мене. Не грижи се, ветувам дека ќе се случи, заврши Кантер.

 

View this post on Instagram

 

I LOVE YOU AND I MISS YOU MOM ❤️ Stay strong 😔 #HappyMothersDay 🥀 You are my TRUE HERO.

A post shared by Enes Kanter (@eneskanter11) on