Српските медиуми известуваат за нова трага во потрагата по исчезнатото девојче: Данка видена во Виена со Романки?/видео

1913
Фото: Amber Alert / 192

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која од вторникот се води за исчезната во Бањско поле кај Бор, влезе во шестиот ден.

Српската полиција пребарува дел од Брестовачка река, а хеликоптери го надлетаа поширокото подрачје на местото каде што исчезна малото девојче.

Специјални екипи ја пребарале околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не пронашле траги од тоа дека Данка е таму.

Српските медиуми почнаа да објавуваат дека исчезнатата Данка (2) била видена во придружба на две Романки во Виена.

Тие пишуваат дека полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и снимката. Наводно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето, но официјална потврда нема.

Се појави и видео снимка на која се гледаат две жени и девојче за кое велат дека е исчезнатата двегодишна Данка Илиќ од Бор. Снимката наводно е од Виена, но нема потврда кога е снимена и каде точно.

На видеото се гледаат две жени со чанти кои стојат на улица, а покрај нив има мало девојче. Од снимката не може да се утврди дали се работи за исчезнатата Данка. Оваа информација пристигнува на шестиот ден од потрагата по малото девојче.

Телеграф.рс пишува дека ова го снимил Србин од Виена, а наведуваат дека се обидел да им се обрати на жените кои го придружувале девојчето. Но, не успеале да се разберат