Српска метео презентерка направи гаф среде програма во живо и доби отказ/ВИДЕО

1718
Foto: Printscreen/X

Новинарката Зорана Николетиќ во Дневник, кој се емитуваше на 17 јуни, доби отказ поради гаф кој го направи среде програма во живо.

Имено, таа ја започна прогнозата на времето во Србија за следниот ден, но на средина на реченицата застана и рече: „О, Боже“.

Прилогот потоа заврши, а водителката на Дневник РТВ ја откажа оваа информативна емисија, пренесува Блиц.

Генералниот директор на РТВ Војводина, Горан Караџиќ изјави дека нејзината грешка била доволна за отказ.

„Апсолутно. Тоа не е грешка, тоа е небрежност“, рече тој.

После тоа, синдикатите на вработените во Радио-телевизијата на Војводина (РТВ) побараа раскинувањето на договорот на младата новинарка со таа телевизија, да се преиначи во договор за привремени и повремени работни места поради грешката што ја направила во временската прогноза. Вакви грешки се случуваат, но се поправаат и сѐ повторно се запишува. Овде, за жал, во програмата влезе погрешна ставка.