Српската заедница во Тетово ја одржа манифестацијата „Видовденски денови“

136

Со пригодна културно уметничка програма во Тетово, Регионалниот тетовски одбор на српската заедница ја одржа манифестацијата „Видовденски денови“ во пресрет на српскиот национален празник Видовдан. Пред тетовската публика во дворот на Меморијалниот музеј се претставија неколку културно уметнички друштва и беше направен избор за најубава девојка.

– Одржувањето на манифестацијата„Видовденски денови“ и избор на косовка-девојка е традиционален начин на празнување на празникот за нас во Македонија. На тој начин ја одржуваме традицијата и ги негуваме обичаите на српскиот народ, изјави претседателот на Регионалниот одбор Тетово, Примислав Стојановиќ.

Делегација на тетовскиот регионален одбор ќе присуствува на централното одбележување на Видовдан во Грачаница на 28 јуни.