Откако се разведе од манекенката и пејачка Кристина Димитри и откако живее нов живот во Белград, со втората сопруга Марина, македонскиот поп-пејач Даниел Кајмакоски и некогашен македонски представник на “Евровизија“ е сосема изменет. А, како да не биде позитивно изменет, кога деновиве го доби своето трето дете! Првиот син го има со Македонката Кристина, а другите две деца му се со Србинката Марина.
– Да живее љубовта! – емотивно порачува Кајмакоски, кој ја сподели својата голема радост со многубројните обожаватели, кои не го заборавија од времето на неговите победнички и брилијантни настапи во шоуто „Икс-фактор“.
Со Марина, Даниел веќе го има синот Стефан, а сега кон семејството се придружи ќеркичката Емилија.
– Најголемата авантура во мојот живот започна. Девојките ми пристигнаа дома и јас им благодарам на сите за честитките. Со мојата прекрасна сопруга, Марина, ти, Емилија, си нашиот херој. Те сакам! – порачува среќниот тато Даниел, кој деновиве ќе слави за тоа. Семејството Кајмакоски се прошири со уште еден член. Д.М.