Среќа во несреќа во Англија: Жена во доцна бременост паднала од зграда и починала, бебето е живо

37

Жена во доцна бременост вчераутро паднала од зградата на Шекспир Тауерс во англискиот град  Лидс и починала, но нејзиното бебе дошло на свет.

Бебето, родено подоцна во болница, моментално е на Одделението за интензивна нега, соопшти полицијата од Западен Јоркшир, пишува Би-би-си. Портпаролот на полицијата рече дека не се верува дека има сомнителни околности околу смртта на жената, која имала 30-ина години. Таа починала на местото на несреќата, а известен е и судски лекар.

Жител на Бурмантофтс, каде што се наоѓа зградата од која паднала жената, изјавил за Би-би-си дека бил во својот стан на 14. кат кога слушнал тап удар, проследен со вресок.

– Тоа е шок за сите, за целата заедница – рече тој.

Шекспир Тауерс е 17-катен блок источно од центарот на градот, блиску до болницата „Сент Џејмс“. Становите се во сопственост на Градскиот совет на Лидс.