СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА УЧЕСТВО НА ДИЈАЛОГОТ ЖАН МОНЕ: Ќе има ли консензус за Деловникот?!

112

Утре во Собрание ќе се состане Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне во полн состав.  Процесот на Дијалогот Жан Моне со Собранието беше воспоставен во мај 2018 година во Охрид. Досега се одржани три состаноци во мај 2018 година, во јуни 2019 година и јануари/февруари 2020 година. Третиот дијалог „Жан Моне” беше првиот што беше олеснет од тогашната нова тројка европратеници, односно, Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Кјучук. Трите рунди на Дијалогот Жан Моне со олеснувачите од Европскиот парламент придонесоа во враќањето и градењето на довербата меѓу политичките партии и ја зајакнаа демократската култура и практики во Собранието.

Меѓу конкретните резултати, според претседателот на Собранието , Талат Џафери , е усвојувањето на Етичкиот кодекс, формирањето на Работната група за Деловникот која работела напорно за да постигне компромис околу голем дел од реформските приоритети и со тоа се обезбедила добра подготовка за понатамошната работа на Деловникот, постигната е поширока институционална независност и реформа на Собранието, особено кога станува збор за независноста на буџетот и човечките ресурси, а продолжува работата во насока на независно обезбедување и постигнување на конечен консензус за измените на Деловникот.

-Секако дека работата не е завршена, како што велат- „ѓаволот е во деталите” затоа што, тоа што го договараме, ќе треба доследно и да го спроведеме откако претходно ќе го финализираме и ќе ги усвоиме измените на Деловникот на пленум. Овие измени на Деловникот се важни затоа што ќе ни овозможат да се фокусираме на суштинските прашања без при тоа да бидеме забавени од сите процедурални пречки кои се вистински предизвик за работата на Собранието. Тие се исто толку важни за власта колку и за опозицијата, бидејќи тие што се сега во позиција можат да бидат во опозиција во одреден период во иднина, и обратно се разбира. Јас постојано ги потсетувам колегите од Работната група дека изготвуваме Деловник за сите времиња не само за еден пратенички состав, истакнал Џафери.