На состанокот, министрите и претставници на Гранковиот независен синдикат, со претседателот Гоце Делчев Тодев, со генералниот секретар на овој синдикат и претседателите на синдикалните организации е разговарано за барањата на Гранковиот независен синдикат, при што е изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка.
Разгледани биле барањата за репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата, нивелирање на платите и овластувањата на сите полицајци во државава, за покачување на вредносниот бод за сите шумски полицајци и исплата на средствата за прекувремени работни часови, како и барањето за зголемување на платите во полицијата, шумската, затворската и судската полиција. Нагласена била одлучноста на Владата за најавеното покачување на платите во јавниот сектор за пет проценти оваа година и за постоечките заложби за натамошни покачувања согласно буџетските можности од наредната година.
-Договорено е соработката да продолжи на министерско ниво и низ разговори и разбирање, согласно Законот за работни односи и согласно постоечкиот колективен договор да бидат изнајдени соодветни решенија за посочените теми, информират од Владата.