Средба Мицкоски-Туск: Разговори за можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори

14
Фото:владин кабинет

Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со неговиот колега, премиерот на Полска, Доналд Туск.

„Разговаравме за прашања поврзани со ЕУ, можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и нашите позиции во однос на таквите напори. Разменивме мислења и за предизвиците со кои се соочува ЕУ, прашањето со Украина, како и искористувањето на можностите за продлабочена соработка меѓу двете пријателски држави“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Мицкоски кој во Брисел учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан порача дека очекува позитивни впечатоци и дека таму се да ги бранат македонските интереси, македонскиот идентитет.

„Истовремено да испратиме порака дека нашето место, што веќе неколку пати сме го потврдиле и го заслужуваме, е токму тука, да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија. Македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите“, изјави Мицкоски во видое-обраќањето.