Србија ќе биде златна на СП во Кина, Американците нема каде да бегаат

106

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, истакна дека неговата селекција на Светското првенство во Кина ќе атакува по медал. Србија неодамна се квалификуваше на Мундобаскетот, кој ќе се одржи во Кина од 31. август до 15. септември. Србија на тоа натпреварување ќе го брани среброто од 2016 година.

Но, она што изненадува е последната изјава на предводникот на „Орлите“, кој верува дека Србија има можност да слави над селекцијата на САД, која е апсолутен фаворит за златото.

-Медалите отсекогаш биле цел на нашата репрезентација, тоа време го носам јас уште од играчките денови. Исто така од првиот ден кога дојдов на местото селектор на Србија наша должност е да одиме на медал. И тоа не било каков, туку златен. Ако некој ни покаже дека е подобар, тогаш секоја му чест. Знам дека сите сметаат дека Американсците се непобедливи, но своевремено им реков на моите играчи: „Некој ќе ги победи, зошто да не биде тоа Србија?“. Со тоа јасно им ставив до знаење за што размислувам, додаде Ѓорѓевиќ.

Србија на мундијалот ќе биде меѓу носителите заедно со домаќинот Кина, САД, Шпанија, Франција, Аргентина, Литванија и Грција.

Инаку, селекцијата на САД ја совлада Србија и на Олимписките игри и на минатото Светско првенство. Во финалето на ОИ нашиот северен сосед загуби со 96:66, додека во финалето на СП со 129:92.