Организаторите на протестите побараа од Вучиќ да им го претстави на граѓаните планот за Косово, наведувајќи дека тие се адресата на која треба да се обрати, а не „Брисел, Вашингтон, Москва или Приштина”. Според најавите на организаторите протестите продолжуваат и неделава
Под слоганот „Еден од петте милиони-почнато е” во Белград се одржуваат голем број на протести.
Колоната на граѓани кои протестират се долги и по неколку километри, а се движат по веќе познатата маршута низ централните белградски улици, од Студенсткиот плоштад, булеварот на Кнез Милош до Плоштадот Славија.
На протестот се обратија актерот Бранислав Трифуновиќ и претседателката на невладината организација „Европско движење“ од Косово-Рада Трајковиќ.
Трифуновиќ на собирот ги презентираше досегашните барања на граѓаните, барајќи притоа од надлежните да ги откријат убијците на Оливер Ивановиќ. Тој воедно ги повика граѓаните во среда на 16 јануари, на мирен собир како би одале почит на годишнината на убиениот лидер на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ.
Рада Трајковиќ рече дека претседателот Александар Вучиќ се залага за идејата за разграничување со Косово, но дека таквата идеја претставува нови страдања, убиства и иселувања, против кои се бореше Оливер Ивановиќ.
„Тој е за компромис со Тачи (Хашим) и Харадинај (Рамуш), но не со вас, тој е за компромис со сите освен со чесните луѓе”, рече Трајковиќ.
Според неа, смртта на Оливер Ивановиќ требала да покаже дека заедничкиот живот на Србите и Албанците не е можен, но се покажало спротивното.
Пред зградата на РТС, граѓаните повторно кратко се задржаа во знак на протест против информирањето на РТС, каде беше повторено барањето за оставка на директорот на РТС Драган Бујошевиќ..Протестот беше најавен како непартијски и на него учествуваа преставници на речиси сите опозицијски партии во Србија. На досегашните протести според слободни проценки имаше меѓу 25-35.000 граѓани.
Организаторите на протестите ги повторија своите барања за откривање на сторителите на нападите врз новинарите и опозициските личности, како и опозицијата да добие простор во Дневник на РТС и другите медиуми и смена на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Претходните пет саботи без инциденти се одржаа протестни прошетки “Стоп на крвавите кошули” како одговор на нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ во Крушевац, а слоганот „Еден од пет милиони” следеше по коментирањето на првата протестна прошетка, на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека нема да исполни ниедно барање на опозицијата, колку и да излезат на улиците да протестираат, дури ако се соберат и пет милиони луѓе и колку и да долго трајат протести.
Тој по третите протести прокометира дека „нема проблем со протестите, бидејќи секогаш излегувал посилен, а организаторите послаби“, како и дека „ќе ги сослуша само граѓаните, но не и опозицијата.“
Во петокот, организаторите на протестите побараа од Вучиќ да им го претстави на граѓаните планот за Косово, наведувајќи дека тие се адресата на која треба да се обрати, а не „Брисел, Вашингтон, Москва или Приштина”, се вели во соопштението испратено од имејлот „стопкрвавимкошуљама“.
Ова писмо беше прокоментирано од претседателот Александар Вучиќ дека е „толку глупо, да нема зборови“.
Граѓански протести истовремено беа одржаа и во Крагуевац и Горни
Милановац, а илјадници луѓе вчера се собраа и во Ниш на протестот “Стоп за теророт за Ниш без страв од # 1,5миллион” организиран од Движењето на младите “За Ниш без страв”.