Србија: Една четвртина од вработените би прифатиле помала плата само да работат од дома

134

Околу 23 отсто од вработените во Србиа би прифатиле намалување на заработувачката за да се задржи можност за работа од дома.

Тоа го покажале резултатите од истражувањата спроведени од платформата Осигуралинк, во соработка со Инфостуд.

Резултатите покажале дека 65 отсто од помладите испитаници се подготвени да бараат нова работа ако работодавачот ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подогтвени на тој ризик, пренесува „Политика“.

Околу 26 отсто од вработените во Србија имаат можност да работат на далечина.

Околу 2 отсто можат да работат само од дома, 6 отсто работници избираат таква работа без ограничувања, додека 18 отсто можат да работат од дома само во одредени ситуации.

Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на претпријатија и 2.710 вработени.