Србија воведува доживотна казна затвор

55

Со цел државата да ги порази најтешките форми на криминал и корупцијата претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави воведување на драконски казни за сторителите на кривични дела, вклучувајќи и доживотен затвор

Српскиот претседател говореше за промена на казнената политика, особено во делот на кривичните дела за насилно однесување и силување, педофилија, убиство на децата и трговија со оружје и наркотици. Тој укажа дека ќе се зголемат минималните и максималните казни за овие кривични дела.

„Воведуваме доживотна казна затвор за повеќекратни убиства и убиства на деца. Борбата ќе трае со години, тоа ќе биде тешко, но ние ќе ги надминеме криминалците“, порача претседателот.

Вучиќ изјави дека очекува од ЕУ поддршка за заострување на домашната казнена политика со оценка дека доколку Германија може да има доживотна казна затвор , зошто не би имала Србија.