Србите добиват паметни броила за попрецизна пресметка на струјата

176

Граѓаните на Србија наскоро ќе мора да ги заменат постоечките броила со нови, паметни. Со ова, како што најави министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ, ќе се овозможат предлог законите кои наскоро треба да се најдат пред пратениците. За да добиеме паметни броила за струја ќе се задолжиме со 80 милиони евра, а главната предност ќе биде што пресметката на потрошената енергија ќе биде попрецизна, а граѓаните ќе имаат точен увид во нивната потрошувачка во реално време. Електродистрибуција Србија ќе позајми 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на првата фаза од проектот за паметни броила, а гарант ќе биде државата Србија. Во втората фаза ќе се задолжиме со нови 40 милиони евра, објави претходно Нова економија.

„Почетокот на реализација на проектот се планира кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Станува збор за голем проект кој се однесува на целата држава и ќе се спроведува етапно. Државата обезбеди средства за првата фаза од проектот, а во тек се преговори со меѓународните финансиски институции за следните фази. Граѓаните нема да ги сносат трошоците за замената“, се наведува во одговорот од ЕДС.

Новите броила ќе помогнат да се намалат загубите во мрежата, да се спречи неовластена потрошувачка на струја или кражба, да се овозможи далечинско отчитување на потрошувачката, но и исклучување на потрошувачите, како и следење на потрошувачката во реално време.